Водени од сонот за слобода и сопствена држава, македонскиот народ и народностите во втората светска војна застанале на страната на антифашистичката борба. За почеток на востанието се смета нападот во Прилеп од страна на партизанскиот одред Гоце Делчев на 11 Октомври 1941. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање на македонска држава.
Share




