Република Македонија одбележува 77 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. На 11 Октомври 1941 година борците од Првиот прилепски партизански одред со нападот на бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп го започнаа организираното востание против фашистичките окупатори за ослободување на Македонија. Следниот ден, на 12 Октомври со вооружена акција се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Круна на борбата се одлуките на АСНОМ од 1944 година со кои беа оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.