Со "Христос воскресна - навистина воскресна", македонските православни верници во Австралија го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение. За "празникот над празниците" Велигден, во аудио записот СБС на македонски раговара со Архимандрит Гаврил.
Со биењето на камбаните на полноќ и со препознатливиот поздрав „Христос воскресна - навистина воскресна“ во македонските православни храмови низ Австралија беше означено Христовото воскресение, Велигден.
Во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, Мелбурн, се одржа литија по рамки на чествувањето на Христовото воскресение – Велигден и најавување на Христовото воскресение.
Стотици верници се приклучија на литијата, предводена од Архимандрит Гаврил.
Видео од најавувањето на Христовото воскресение.
Share




