Експертите за клима го поздравуваат изборното ветување на Лабуристичката Партија за намалување на емисиите за 43 отсто до 2030 година, како чекор во вистинската насока, но предупредуваат дека тоа е цел што е под она што науката го бара. За да се ограничи глобалното затоплување во рамките на целта на Парискиот Договор за „многу под“ два степени, научниците и активистите на Зелените се залагаат за намалување на емисиите за 75 отсто.
Share





