Марија Макри, мајка на три деца и хуманитарка од Сиднеј, која неуморно трчаше маратони со цел да ја подигне свеста за предизвиците на децата и возрасните кои живеат со церебрална парализа, ја “истрча” и последната животна трка со насмевка, оставајќи, со нејзините само 37 години, огромен печат во средината каде што живееше.
Марија Макри и нејзиното синче Марк, кое ја изгуби битката со церебрална парализа во 2023 година, беа насмеаните профилни лица на хуманитарниот проект STEPtember.
Тоа е годишен настан кој што се одржува ширум светот со цел да се соберат средства за унапредување на истражувањата за лекување на церебралната парализа како и да им се обезбедат помагала, терапија и други услуги на болните.





