КОВИД-19 го спречи Васил Гарванлиев да ја претставува Македонија на Евровизија

Vasil Garvanliev, Macedonia's 2020 Eurovision contestant Source: Bojan Stoilkovski
65-тото издание на Песната на Евровизија што требаше да се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам беше откажано поради пандемијата на коронавирусот. Но, иако оваа година нема да има концерт во живо, SBS по повод натпреварот одбележува седмица посветена на Евровизијата. Во сабота на 16 мај, во 8.30 навечер на SBS Телевизија ќе може да се гледа специјална емисија посветена на сите учесници за 2020 година. А исто така ќе можете дури и да гласате за вашата омилена песна, се разбира, не во рамки на официјален натпревар. По тој повод SBS разговара со македонскиот преставник Васил Гарванлиев, кој на 35 годишна возраст има богата музичка кариера но и животно искуство.
Share


