На колекцијата „Weightless", креирана од австралиската студентка по мода со македонско-српскo потекло, Дарија Милевска и претставена на Модната недела во Мелбурн 2019, не и недостига интригантност, а уште помалку актуелност. Нејзината цел, според авторката е да ја подигне свеста за одржливоста на модата, со пренамена на отпадоците од пластика. „Мојата последна колекција е развиена со употреба на пластични шишиња за еднократна употреба и со користење на техниката Мадам Грес, за набирање на фустаните. Шишињата потоа се украсени со монистра, така што тие скоро личат на накит, што покажува дека дури и пластично шише може да биде дадена вредност. Целиот текстил што го користев за фустаните е од втора рака. За долната облека што исто така може да биде и костим за капење, направив колаж од отпад, го скенирав и користев фотошоп за уредување на дизјанот. Тој дизајн потоа беше отпечатен на рециклиран текстил -вели Дарија Милевска, студентка во трета година на "Институтот Холмсглен" во Мелбурн, која се надева дека ќе може да даде свој личен придионес, австралиската мода да стане еколошки поодржлива.