Др Велков: На лицата со деменција им е потребна љубов

Dr. Vasil Velkov Source: Archive Vasil Velkov
Деменцијата погодува скоро половина милион Австралијци, а се предвидува тој број да се зголеми двојно во следните 25 години. По повод одбележувањето на Неделата за подигнување на свеста за деменцијата, програмата на македонски јазик на СБС радио разговара со пензионираниот доктор Васил Велков, кој вели дека деменцијата е широк поим што се користи за да се опише губење на меморијата, интелектуалните способности, рационалноста, социјалните вештини и физичкото функционирање. Но, др Велков исто така нагласува дека семејството и заедницата можат да играат клучна улога со својата поддршка и да овозможат лицата со деменција да продолжат да живеат колку што е можно поактивен и поквалитетен живот, долги години по првичната дијагноза.
Share