Документарниот филм на Катерина Дејкоска од Битола со наслов OVERCOMING или СОВЛАДУВАЊЕ, редовно се прикажува во една од најдобрите болници за рехабилитација на трауматски повреди на мозокот во светот Spaulding Rehabilitation Hospital во Бостон. Филмот е преведен на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски. Катерина Дејкоска вели дека филмот, полека но сигурно ја постигнува својата цел, да се развие свеста за трауматската мозочна повреда, затоа што може да му се случи секому и во секое време.
Share





