На неодамнешната балканска крос-културна музичка вечер, "Bruised River II", одржана во Мелбурн, на која настапи и познатата македонска актерка Дона Димовски Кантаровски, дојде до израз нејзиното долгогодишно поетско творештво, посветено на водите на Балканот.
Дона Димовски Кантаровски зборува и за силните чувства за минатото и своето детство, со што тематски ја збогати прославата на спомени и копнежи по татковината.
Актерката од Битола работи и како сценарист, режисер и наставничка по драма, зад која стои богат репертоар на традиционална глума, авангардни театарски претстави и настапи од повеќе жанрови.




