Дона Димовски-Кантаровски – актерка, пејачка, режисерка, писателка и драмски педагог, во втората сезона на мелбурнската продукција ‘Zorba’s Last Dance’ на Том Пецинис, толкува неколку впечатливи ликови кои се испреплетени во животот на Зорба, живот кој стана симбол на инстинкт, слобода, искуство, танц и целосно живеење во моментот.
Претставата нѐ води низ фасцинантниот простор меѓу историјата и имагинацијата, истражувајќи го односот меѓу вистинскиот Ѓорѓис Зорбас (особено по сознанијата дека тој бил погребан во Скопје), и литературниот лик создаден од Никос Казанѕакис.
Она што ја прави драмата 'Zorba's Last Dance' интригантнa е тоа што Том Пецинис го претвора старото литерарно прашање во драматична расправија: Кој е сопственик на животната приказна - личноста што ја живеела или уметникот што ја трансформирал?
Претставата 'Zorba's Last Dance' се одржува секоја вечер во 7,30 часот во просториите на грчкиот центар на 168 Lonsdale Street, Melbourne, до недела 14ти јуни.





