Само 6 до 8 % од лицата од неанглиско потекло кои имаат потешкотии или некаков вид онеспособеност пристапуваат кон услугите на владината програма зa осигурување на лицата со некаков вид онеспособеност позната под името NDIS, дознаваме од Др Анита Стрезова, менаџер на Мултикултурната асоцијација за застапување на лицата со потешкотии или MDAA.
Др Стрезова во последните неколку години учествува како експерт за проблемите што ги имаат лицата со потешкотии од неанглиско потекло на многу состаноци без разлика од која партија се организирани .
Таа е член и на кампањата Stand By Me која што се бори за правата на тие лица во австралискиот систем.
Националната програма за осигурување на лицата со потешкотии е сосема комплексна, вели др Стрезова, но причините за недоволниот пристап се исто така сложени, почнувајќи од недоволната информираност па се до стигмата во некои заедници каде концептот на онеспособеност е нешто што се задржува за дома, нешто што се крие и со што се справува зад затворени врати.
Ако сте лице со потешкотии или некаков вид онеспособеност или старател на лице со потешкотии можете да се јавите на МДАА (Multicultural Disability Association Advocacy) на тел 9891 6400.
Ако ви треба преведувач јавете се на 131 450 и побарајте од нив да ве поврзат со МДАА
Услугата на МДАА е бесплатна