Д-р Мирјана Лозановска ги става мигрантските куќи од 1950-тите - 1970-тите години на архитектонската мапа

Dr. Mirjana Lozanovska at her 'Migrant Housing Terrazzo' exhibition in North Fitzroy during March 2019. Source: Supplied
Д-р Мирјана Лозановска е вонреден професор на Факултетот за архитектура и изградена средина на Универзитетот Дикин и вели: "Таа отсекогаш сонувала да ја ревидира визуелната перцепција на домувањето на мигрантите", надевајќи се дека нејзината последна изложба, насловена Терацо, ќе го отвори патот кон подобро разбирање на "визуелната моќ и присуството на домовите за мигранти во австралискиот предел", изградени од првата генерација мигранти од јужна Европа помеѓу 1950-тите и 1970-тите. Д-р Лозановска дискутира за тоа како овој "стил" на домување, во голема мера игнориран од естетската елита и архитектонските едукатори, може да го врати своето изгубено достоинство преку "креативни начини на кои архитектурата посредува во хуманоста, општеството и убавината". Др. Мирјана Лозановска е автор на неколку архитектонски публикации преку кои е пионер на ново поле на знаење.
Share