Пациентите во болницата во Балина, погодена од најкатастрофалните поплави во повеќе од половина век, се пренесени на безбедно во училиште каде што е поставена привремена болница и каде што им се помага и на стотици други луѓе кои, под налет на надојдените води, ги напуштиле своите домови без да имаат време да си ги земат потребните лекови, вели д-р Су Веловски која оперира во болниците во Балина и Лизмор, во северниот дел на Нов Јужен Велс
Д-р Веловски, специјалист за рак на дојка, меланома, рак на дебелото црево и рак на штитната жлезда, за СБС на македонски вели дека се откажани сите операции што не се итни бидејќи само околу 20 насто од персоналот може да дојде до работното место, а како последица на поплавите, во наредниов период се очекува прилив на пациенти со разни видови инфекции.
Share





