Женската секција при МПЦ “Св Петка” од Сиднеј одржа, 11та по ред, ‘Розева Панделка’ со цел подигање на свеста во македонската заедница за рано откривање на ракот на дојка. На настанот на кој присуствуваа повеќе од 300 жени, беа собрани илјадници долари донација за фондацијата Мек Грат која обезбедува медицински сестри за поддршка на болни од рак, бесплатно и без упат од лекар. Женската секција во изминативе 10 години има подарено повеќе од 100 илјади долари, со што стана една од десетте најголеми донатори меѓу заедниците во Нов Јужен Велс.
Share





