Според поранешниот ракометар на Пелистер, Македонија е во тешка и незгодна група. Норвешка е прв фаворит во групата а шансите на Македонија за победа се против Холандија и Аргентина. Младоста и желбата за победи и докажување се најголем адуте на македонските ракометари. Во аудио разговорот можете да ја слушнете целата анализа на Драган Маринковиќ.
Македонија натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Краков, Полска, која заедно со Шведска се домаќини на Светското првенство во ракомет.
Противници на Македонија во групната фаза се Норвешка, Аргентина и Холандија.
Во втората фаза ќе се пласираат првите три репрезентации.
Македонија на 13 јануари ќе игра против Норвешка. Два дена подоцна, односно на 15 јануари, избраниците на Лазаров ќе имаат дуел против Холандија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против Аргентина на 17 јануари.




