Иако домородното население сочинува 2% од вкупното население во Австралија, на нив отпаѓаат 27% од вкупниот број на затвореници во затворите.
Статистиките велат: Во 2016 година скоро 20 на секои 1000 домородни лица биле затворени за некаков престап.
Седумнаесет пати е поголема шансата домороден наспроти недомороден човек, да заврши во затвор.
Во 2016 година, стапката на затворска казна за домородните жени (464,8 на 100 000) не само што беше поголема од онаа на недомородните (21,9 на 100 000), туку беше и повисока од стапката на затворска казна на недомородните мажи.
Центрите за рехабилитација се преполни, за кревет се аплицира уште на стартот на судењето. Некои од тие центри нудат и специјални програми за одвикнување од дрога и алкохол, но листата за чекање е подолга и од 6 месеци, што ги прави недостапни за повеќето прекршители.
Во екот на NAIDOC неделата, со госпоѓата Љупка Шубеска се обидовме да фрлиме светлина на овој проблем и да го добиеме нејзиното мислење за што смета дека треба државата да превземе за да се намали притисокот врз домородната заедница.