Душица Попоски најдобар меѓународен студент за 2019 година во Западна Австралија

Dusica Poposki

Душица Попоски со наградите за најдобар меѓународен студент за 2019 година во Западна Австралија и најдобар студент на North Metro TAFE. Source: Supplied

Во потрага по подобар живот но и докажување на професионален план многумина ширум светот мигрираат во Австралија. Еден од таквите примери е и Душица Попоски. Со завршено средно медицинско училиште и работно искуство како медицинска сестра од Македонија се преселува во Перт, Западна Австралија. И, покрај тоа што знае дека нејзината диплома нема да биде признаена во Австралија го прифаќа предизвикот. И успева. Повторно се стекнува со диплома за медицинска сестра, а прогласена е и за најдобар меѓународен студент на North Metro TAFE од Перт во Западна Австралија за 2019 година како и за "амбасадор" на иституцијата.


Општо познато е дека без разлика на кој меридијан се наоѓаат, Македонците брзо се приспособуваат, но им даваат и свој белег на општествата во кои се интергираат. Душица тоа го потврдува.

Решена да успее, го прифаќа предизвикот повторно да студира и да се докаже со својата стручност и посветеност кон пациентите во новата татковина.

"Најпрвин почнав со усовршување на англискиот јазик бидејќи ми беше потребно што подобро да го знам за да се вклопам во образовниот систем на Австралија" вели Душица.

Dusica Poposki
Source: Supplied

Во последните пет години таа успева да се стекне со сертификат 3 и 4 за нега на стари лица, диплома за работа во заедницата за да најпосле се стекне и со диплома за медицинска сестра.

Постигнатите резултати во текот на студирањето и донесоа две вредни награди на Душица. Прогласена е за најдобар меѓународен студент на North Metro Tafe во Западна Австралија за 2019-та,  како и за амбасадор на оваа образовна институција.

" Горда сум како Македонка што ги добив овие награди кои мене лично ми значат многу, но мислам дека со тоа на најдобар можен начин ја претставувам и македонската заедница во Австралија. Сега ќе имам можност да ја претставувам и промовирам Западна Австралија како место за образование на идните студенти од странство и да им помагам на секаков можен начин" - вели Душица

Dusica Poposki
Душица Попоски со своите лектори при примањето на наградата за амбасадор на North Metro Tafe Source: Brightwatergroup.com

Во 2016 година Душица се вработува во Brightwater Oats Street Rehabilitation Centre и работи со лица со хендикеп и инвалидитет. По завршувањето на студиите ја вработуваат и како медицнска сестра. За својата работа Душица вели.

" Работата во оваа институција една од ретките од таков вид во Австралија ми даде можност да работам со луѓе чии животи се променети по нивните несреќи и повреди. Работата ја работам со страст и кога знам дека некому сум му помогнала да се врати во нормалниот живот едноставно со мир во душата си заминувам дома".

Стекнатото образование во Македонија и работното искуство што го стекнала таму Душица вели дека многу и помогнало овде во Австралија. Правејќи споредба меѓу двата здравстевни системи вели дека во Австралија е полесно да се работи како медицинска сестра.

Dusica Poposki
Душица Попоски со наградата за најдобар студент во Западна Австралија. Source: Supplied

Зборувајќи за своите идни планови Душица вели

" Моите планови се да останам во Австралија и пред се да го решам постојаниот престој а потоа се разбира да го продолжам моето образование и постојано да се докажувам пред моите пациенти".

Целиот разговор со Душица Попоски можете да го слушнете во аудио записот.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now