Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 15-ти јули. По неколку месеци натегања и две неуспешни лидерски средби, Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ преку телефонски разговор се договорија за датумот. Претседателот Стево Пендаровски, по вчерашниот предлог на владата, донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни до 22 јуни.
Share




