Ново истражување предупредува дека економските ефекти од климатските промени ќе бидат потешки од оние на пандемијата до 2070 година и ќе продолжат на неодредено време, освен ако не се преземат решителни мерки за декарбонизирање на австралиската економија. Фирмата Deloitte Access Economics досега откри дека ќе има 880 илјади работни места помалку, а годишниот бруто домашен производ ќе биде за 3,4 милијарди долари помалку отколку што би бил во свет без климатски промени.
Share





