Филип Арсов од Македонија, кој за време на студиите по кулинарство во институтот "Гордон" во Џилонг, беше избран за најдобар во неговата генерација, се надева дека практичното искуство од Австралија ќе му помогне во остварување на неговиот сон, еден ден да креира уметност на чинија со најдобрите во светот.
Страста за уметничко дело што се јаде со очи, Филип ја задоволува преку цртање на јадењето, избор на најквалитетни намирници и декорација со листови и цветови што се јадат, водејќи сметка за вкусот, висината на јадењето, текстурата, бојата на состојките како и изборот на соодветна чинија.
Share




