“Јас гравитацијата ја претставувам како антропоцентрична аналогија, како метафора на бесконечна љубов.....љубов кон другите човечки суштества, но тоа може да биде љубов која што е платонска, љубов која што е на интелектуално ниво, тоа може да биде љубов кон зборот, кон јазикот, кон себеспознавањето....”, вели Емилија Тодорова за “Гравитација” за која што ја доби овогодинешната награда “Стојан Христов” за најдобра книга поезија од иселеник, што ја доделува Агенцијата за иселеништво на РМ во соработка со жирито на Струшките вечери на поезијата.
Share





