SKIP TO MAIN CONTENT

Емотивна средба на двете легенди на македонскиот фудбал Андон Дончевски и Гоце Христов.

Andon Doncevski i Goce Hristov
Емотивна средба во Мелбурн на двете легенди на македонскиот фудбал Андон Дончевски и Гоце Христов. Source: SBS

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Гоце Христов и актуелен директор на младинската школа на ФК. Вардар престојува во Мелбурн како дел од фудбалскиот камп за млади таленти во Австралија. Христов беше пријатно изненаден кога во текот на кампот го посети првиот селктор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски. Токму чичко Дончо му даде шанса на Христов со неполни 20-ет годни да настапи во дресот на Македонија.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Skip to podcast episode content

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Гоце Христов и актуелен директор на младинската школа на ФК. Вардар престојува во Мелбурн како дел од фудбалскиот камп за млади таленти во Австралија. Христов беше пријатно изненаден кога во текот на кампот го посети првиот селктор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски. Токму чичко Дончо му даде шанса на Христов со неполни 20-ет годни да настапи во дресот на Македонија.


Гоце Христов фудбалската кариера ја започна во 1994 година во Пелистер од Битола. Неговиот талент и голгетерски способности бргу беа забележани од фудбалските стручњаци и набргу заминува во ФК. Партизан од Белград. Добрите игри и постигнатите голови во Партизан и освоените две по ред титули беа препорака Христов да направи трансфер во Барнсли. Со тоа станува првиот фудбалер од Македонија кој игра во Премиер лигата. По тригодишната авантура во Англија, Христов кариерата ја продолжува во Холандија. Настапува за Нец Нејмиген и Цволе. Од настапите во Холандија зад неговото име покрај запишаните голови ќе остане забележан и еден рекорд кој се уште не соборен. За три дена постигнува три хет трика.

Во периодот од 2005 до 2009 година кога ја завршува фудбалската кариера настапува и за повеќе клубови низ Европа.

Goce Hristov
Гоце Христов на кампот за млади таленти во Мелбурн им открива дел од фудбалските вештини. Source: SBS

За фудбалската репрезентација на Македонија првиот настап го има на натпреварот против Ерменија на 10 мај 1995 кој заврши нерешено 2:2. Со неполни дваесет години шанса му даде тогашниот селектор Андон Дончевски. Христов ја искористи шансата и постигнува гол. Потоа станува незаменлив во нападот на македонската репрезентација одигрувајќи 48 натпревари притоа постигнувајќи 18 голови со што е втор најдобар стрелец во дресот на Македонија.

По завршувањето на фудбалската кариера работи како тренер во ФК. Металург од Скопје а во моментов е директор на младинската школа во најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Goce Hristov
Гоце Христов ја претставува работата во младинската школа на ФК.Вардар. Source: SBS

Деновиве тој престојува во Мелбурн на фудбалски камп како претставник на Вардар и е дел од програмата за откривање млади фудбалски таленти но и презентирање на програмата за работа со младинските школи во ФК. Вардар.

За веме на кампот во Мелбурн својот некогашен ученик го посети и неговиот учител, првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски и воедно најдобар стрелец во историја на ФК. Вадрар.

Тоа беше можност по подолго време да се сретнат овие две македонски фудбалски легенди и секако да се потсетат на моментите од 1995 година и тој важен натпревар од кариерата на Христов.

" Секако дека се секавам на тој момент иако поминаа скоро веќе 25 години. Тогаш како млад играч ми се оствари сонот да заиграм за Македонија и мислам дека ја оправдав довербата што ми ја даде чичко Дончо како млад играч постигнивајќи и гол. Крајно сум му благодарен што покрај толку тогашни звучни имиња во македонскиот фудбал ми даде шанса".

Goce hristov i Andon Doncevski
Средба на две фудбалски легенди Андон Дончевски и Гоце Христов. Source: SBS

Чичко Дончо пак навраќајќи се на тие моменти вели

" Гледајќи го на тренизите се гледав самиот себе си како играч и постојано си велев дека тоа момче ќе биде подобар голгетер од мене. Не погрешив се докажа како врвен стрелец каде и да играше. Задоволство ми беше да работам со него и горд сум што сум тренирал еден бисер на македонскиот фудбал, вториот најдобар стрелец во дресот на Македонија".

Целиот разговор со Гоце Христов и Андон Дончевски можете да го слушнете во аудио записот.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now