Нов извештај покажа дека вработените во основните дејности се исфрлени надвор од пазарот за изнајмување низ Австралија, поради тоа што повеќето од нив треба да трошат најмалку две третини од својот приход за кирија.
Коалицијата „Дом на секој“, која што стои зад извештајот, ја повикува сојузната влада да гради 20.000 социјални и достапни куќи годишно, за да почне да се надминува недостигот од 640.000 станови.
Share





