Светската здравствена организација соопшти дека бројот на случаи на мајмунски сипаници пријавени на глобално ниво се намалил за 21 отсто минатата недела, по едномесечниот тренд на пораст на инфекциите. СЗО ја прогласи епидемијата за глобална здравствена вонредна состојба во јули. Досега се пријавени повеќе од 41.000 случаи на мајмунски сипаници и 12 смртни случаи од 96 земји, од кои мнозинството се во САД.
Share





