Македонскиот национален и верски празник Илинден традиционално се одбележа и во Мелбурн. Панихида за паднатите борци за слобода одржа Архимандрит Гаврил, а за значењето на Илинденското востание и АСНОМ говор одржа Дејан Змејковски - секретар на МПОМВ. Претставници на повеќе македонски друштва, здруженија и поединци положија свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во дворот на црковниот храм "Св. Георгиј и Пресвета Богородица". Повеќе за настанот слушнете во аудио прилогот.
Share





