Во еден од овие напади беа киднапирани над 300 ученици од католичко средно училиште, што е најлошиот инцидент на киднапирање во последните пет години.
Христијанското здружение на Нигерија вели дека 303 ученици биле киднапирани од приватното католичко средно училиште St. Mary’s Private Catholic Secondary School во Ниже na 21 ноември, заедно со 12 наставници.
Даниел Атори, портпарол на сопствениците на училиштето St. Mary’s, вели дека сè уште не дознале кој е одговорен за нападот.
Г-дин Атори вели дека 50 од повеќе од 300 киднапирани ученици успеале да избегаат од своите киднапери во текот на викендот и сега се повторно обединети со своите родители.
Доколку се потврдат бројките од киднапирањето во црквата St. Mary’s нападот од петокот би бил најлошото масовно киднапирање во Нигерија во последните пет години, кога исламистичката милитантна група Боко Харам киднапира 344 момчиња од интернат во северната држава Кацина во декември 2020 година.
==============================================
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:




