Питер Хениган, поранешниот советник за дигитална комуникација на британските премиери Борис Џонсон и Руши Сунак, ја обучуваше австралиската комуникацикса елита, како да користи вештачка интелигенција. Во Сиднеј го донесе компанијата P World, на Македонецот Коста Петров.
За него влијателниот американски медиум Politico напиша – „Импресивната, па дури и застрашувачка биографија на Хенеган вклучува високи позиции во секторот за комуникации во BBC и Channel 4, но се издвојува со неговиот три и пол годишен ангажман на чело на операцијата за дигитални комуникации на британската влада за време на двајца премиери, Борис Џонсон и Риши Сунак."
Тој одигра клучна улога во комуникацискиот и бихејвиоралниот одговор на Велика Британија, на пандемијата со КОВИД-19.
Хениган е повеќекратно наградуван експерт за дигитални кампањи и кризни комуникации, а ја има добиено и престижната награда „Гран при“ (Grand Prix) на фестивалот „Кански лавови“ (Cannes Lions), а бил добитник и на стипендијата „Гинис“ (Guinness Scholarship), која им овозможува на студенти од социјално загрозени средини да се стекнат со високо образование.
Овој смирен и елоквентен Ирец, е еден од водечките светски експерти за вештачка интелигенција во комуникацијата. Во мај 2023 година, тој ја основаше агенцијата „The Future Communicator“ – и благодарение на своето искуство, знаење и компетентност денес успешно ја води својата компанија фокусирана на AI, no и предава на престижни високообразовни иснтитуции како London Business School и настапува на меѓународни конференции.

Токму на една таква, онаа што се одржа во организација на македонската компанија од меѓународен карактер, P World, во Сиднеј во јуни 2026, Хениган одржа целодневна работилница за примената, можностите и ризиците од вештачката интелигенција во комуникациите.




