Лажни вести за "Рекет" ги преплавуваат балканските медиуми

Bojan Jovanovski better known as Boki 13. Source: Instagram/boki13official
"Боки 13 живееше луксузно, а сега во затвор бара помош и прима инјекции за смирување. Очајниот Јовановски се закани: Носете ме во лудница или ќе пропеам за Заев!" Вака гласи насловот на статијата на српскиот портал Курир која беше објавена завчера, а во која се наведува дека осомничениот во Рекет Бојан Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да го премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето.
Share



