Бадник кој е познат како ден, предвесник на Христовото раѓање, во недела на 6-ти јануари оваа година се совпаѓа со празникот Мало Воскресение, вели во разговор за Ес-Би-Ес на македонски, свештеникот при МПЦ “Св.Петка”, која се наоѓа во Рокдејл, населба со најголем број македонски верници во Нов Јужен Велс
Отец Владо Недески вели дека вечерната бадникова богослужба во недела на 6-ти јануари ќе започне во 18 часот , а веднаш по завршувањето на истата, во салата до црквата со помош на женската секција при црквата и другите инволвирани волонтери, ќе биде организирана вечера за сите присутни
Share




