Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

ФК. Лалор Слога Јунајтед добива современ спортски комплекс

Lalor United Sloga slika web.jpg

Инвестиција во вредност од над 6 милиони долари во спортскиот комплекс на ФК. Лалор Слога Јунајтед во HR Uren Reserve во Томастаун Credit: SBS

Со инвестиција во вредност од над 6 милиони долари, спортскиот комплекс на ФК. Лалор Слога Јунајтед во HR Uren Reserve во Томастаун наскоро со нов лик. Тренерот Тони Стерјовски ветува дека во претстојнатa сезона клубот ќе бори за место во горниот дел на табелата.


По реновирањето и поставувањето вештачка трева на еден од терените минатата година, во моментов се работи на изградба на нов социјален клуб и современ паркинг простор.

Исто така се очекува и поставување нови рефлектори со што ќе се создадат услови и за одигрување ноќни натпревари.

Претседателот на клубот, Емил Атанасов, не го крие задоволството од новите инфраструктурни зафати и вели дека ФК. Лалор Слога Јунајтед конечно ќе добие подобри услови за развој на фудбалот со привлекување на нови фудбалери, спонзори и навивачи.

Голема благодарност до локалната самоуправа и државата Викторија кои финасиски помогнаа за овие нови зафати кои очекувам во април да бидат предадени во употреба. Со тоа клубот добива модерни услови за работа на општо задоволство на сите наши подржувачи.
Емил Атансов, претседател на ФК. Лалор Слога Јунајтед
DSCN1424.JPG
Емил Атансов, претседател на ФК. Лалор Слога Јунајтед Credit: SBS

И тренерот на Лалор Слога Јунајтед, познатото фудбалско име Тони Стерјовски - Бритиш, исто така вели дека условите за тренирање и играње натпревари се подобруваат но и дека тоа е обврска како за него така и за фудбалерите да постигнуваат забелижителни резултати во иднина во Втората државна лига на Викторија.

Секако сега имаме добри услови за работа. Тоа ќе биде мотив повеќе за нас стручниот штаб и фудбалерите. За претстојната сезона имаме потпишано со неколку нови фудбалери и мислам дека за разлика од минатата сезона сме посилни и ќе се бориме за место во горниот дел на табелата. Работиме напорно на тренинзите и верувам дека нема да ги разочараме нашите навивачи.
Тони Стерјовски - Бритиш тренер на Лалор Слога Јунајтед
DSCN1455.JPG
Тренерот Тони Стерјовски со своите фудбалери на тренинг Credit: SBS

И верните навивачи на клубот особено со нетрпение го очекуваат новиот социјален клуб.

Слободан Петровски кој над триесет години е верен навивач на овој клуб од северните предградија на Мелбурн вели:

Голема благодарност до сите оние кои овозможија да се изгради новиот павилјон. Сега конечно ќе имаме пристојно место да се собираме и дружиме и заеднички да се радуваме на победите но и да тагуваме по поразите.
slobodan petrovski 1.jpg
Навивачи на Лалор Слога Јунајтед Credit: SBS

Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now