Истражувачкиот тим „Бинунг Ма На Ду“: професорката Маргарет Кетл од Централниот универзитет во Квинсленд, старешината од Шербур, Фред Кобо, вонредната професорка од Универзитетот во Квинсленд, Марни Шеј и професорката Грејс Сара од Технолошкиот универзитет во Квинсленд. (AAP Image/Supplied by University of Queensland) Credit: SUPPLIED/PR IMAGE
Новите доселеници во Австралија знаат колку е важно да се сочува мајчиниот јазик, како нераскинлив дел од културата на секој народ, па истото важи и за автохтоните јазици кои ги поврзуваат Првите народи со земјата и знаењето на нивните предци.

Во моментов во Австралија се зборува на повеќе од 100 јазици на автохтоните народи.
Некои од нив ги зборуваат сосема мал број луѓе, а поголемиот број од јазиците се во опасност да се изгубат засекогаш.
Но, сепак, многу од јазиците денес оживуваат.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде: