Пред точно 30 години тргнаа од битолска Хераклеа. Станаа македонски културен феномен што создаде чудесен музички универзум. Ја однесоа својата уникатна музичко-сценска приказна од Битола до Париз, Лондон и Берлин, преку Љубљана, Загреб и Белград, до Гент, Истанбул, Бејрут и Москва, па се до Лос Анџелес на "Оскарите". После 30 години, повторно се враќаат во Хераклеа.

Веќе три децении тие се битолчаните ( и еден прилепчанец) кои "држат лекција" како да се биде автентичен и свој на "катедрата" за македонска музика, култура и уметност. Оние што внимателно ја следеа "наставата" научија како можеш да го привлечеш вниманието на светот, без притоа да го копираш и без да се изгубиш себе си.

Напротив, во својата музика "Фолтин" зедоа локални, балкански и македонски елементи и ги претворија во нешто што звучи современо и космополитски.
Овој музички состав, којшто без сомнеж е еден од науспешните македонски културни проекти на сите времиња, и по триесет години, се уште се "школски пример" за тоа кога „македонското“ не треба да му се објаснува никому, туку само треба да се доживее.

нивната музика е динамична, полна со изненадувања и хумор, комбинирајќи џез, импровизација, фанк, боса нова, чалгија, клезмер, амбиентална и филмска музикаAll About Jazz — САД

И по три децении, тешко дека некој може со издржана самоувереност да ја дефинира музиката на "Фолтин". Нивниот звук останува толку флуиден, што просто одбива да влезе во каква било рамка или фиока. Тоа е звук што им пркоси на сите дефиниции, жанрови и граници ( и музички и фактички). Можеби најточно би било да се каже дека нивниот жанр е "фолтиновски".

Еден од најсупешните музички состави од Македонија, зад себе има 11 албум и бројни концерти по многу меридијани. Од оној првиот во Хераклеа (1996), преку тој на брод на реката Сена (Париз), или по француски затвори и македонските факултетски фоајеа, па се до филхармонија и најголемите европски културни фестивали, како Gentse Feesten во Гент.


Зашто секој има право на извонредна музика, "и плебсот" и "елитата". Музика што дрма, подига, треска од земја, буричка во длабокото, влече во опасната емотивна зона каде се влегува само со скафандер, па ги теши, храбри, рехабилитира и најпосле им простува на сите "грешници".
Тоа одамна не е само битолска или македонска музика, тоа е музика на светот.

Во меѓувреме "Фолтин" стигнаа и до "Оскарите" во Лос Анџелес, создавајќи ја уникатната музика за еден од најупешните македонски филмови на сите времиња, "Медена земја".

the next best thing in Macedonian musicOsservatorio Balcani Caucaso Transeuropa — Италија

one of the leading groups on the Macedonian sceneAll About Jazz — САД
Исклучителната 30-годишна кариера, "Фолтин" ќе ја заокружи со голем концерт во петок, 29 август, онаму каде што почна се, во битолската Хераклеа.



