Традиционалниот Илинденски Фестивал во организација на Федерацијата на Македонските Културно Уметнички Друштва на Викторија, ќе се одржи во Сабота на 26ти Август со почеток во 6 часот вечерта, во театарската сала на Општината Витлси. Косте Колевски, почесен претседател на ФОМКУД вели намалениот број на играорци кај повеќе друштва загрижува, и организацијата работи на неколку стратегии за да ги задржат сегашните бројки.
Share





