За Трпејца, со љубов – Културно забавно лето во Трпејца „На зајдисонце“
Village Trpejca Source: Wikimedia/Jovica Trajkovski CC BY-SA 3.0
Ќе беше убаво да бевте тука и да можевте да ги слушнете бранчињата и како езерото пее со своето бранување по бисерната плажа - вели нашиот соработник Милчо Јованоски од Охрид информирајќи не за богатата програма на шестото изадние на Културно забавното лето „На зајдисонце што секоја година се одржува од 20-28 јули. Тој е и еден од основачите на Здружението „За Трпејца со љубов, формирано од група ентузијасти со потекло од Трпејца.Сите настани се бесплатни за посетителите, а истовремено создаваат и можности за поблиски средби и запознавања меѓу туристите и локалното население на ова прекрасно место што некои го нарекуваат македонско Сент Тропе
Share



