Уапсен поранешниот шеф на контра-разузнавачката служба Сашо Мијалков

Source: EPA/GEORGI LICOVSKI
30-дневен притвор му беше изречен на поранешниот шеф на македонската контра-разузнавачка служба, на барање на Специјалното јавно обвинителство. Според Кривичниот суд, Мијалков е притворен поради ризикот од бегство, а во врска со случајот "Таргет-Тврдина". Во исто време, поранешниот премиер Никола Груевски доби статус на политички азилант во Унгарија.
Share


