Содржината на Преспанскиот договор се затајува кога политичарите и медиумите зборуваат само за промената на името на државата, беше речено на трибината во организација на Здружението на македонски заедници од Австралија што се одржа вчера (5-ти јули) во Македонскиот спортски центар Илинден во Сиднеј.
Договорот прекршува меѓународно кодифицираните човекови права и слободи и секое негово политичко озаконување, па дури и преку референдум, ќе биде насилно, угнетувачко и невалидно, порачаа учесниците на трибината
Слушнете дел од излагањето на Игор Аврамовски Александров, претседателна Здружението на македонските заедници од Австралија.
Share





