Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Од дете на мигранти до фудбалски репрезентативец на Нов Зеланд

Tino 3 rs.jpg
Константино Тино Горгиовски фудбалер на Македонија Ѓорче Петров и репрезентативец на Нов Зеланд до 17 години Credit: Alex Gorgiovski

Добрите игри за младиот тим на Македонија Ѓорче Петров, на Константино Горгиовски му обезбедија повик за настап за репрезентацијата на Нов Зеланд до 17 години на првенството на Океанија кое ќе се игра на Фиџи.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Добрите игри за младиот тим на Македонија Ѓорче Петров, на Константино Горгиовски му обезбедија повик за настап за репрезентацијата на Нов Зеланд до 17 години на првенството на Океанија кое ќе се игра на Фиџи.


Младиот и талентиран фудбалер на Македонија Ѓорче Петров, Константино Тино Горгиовски со своите добри игри на зелените терени си "заработи" повик за настап за репрезентацијата на Нов Зеланд до 17 години.

Константино се очекува својот прв настап за Нов Зеланд да го има на првенството на Океанија кое ќе се игра од 11 до 28 август 2023 во Фиџи.

"Многу ме израдува повикот да играм за Нов Зеланд и доколку селектрот Мартин Булок ми даде шанса да заиграм ќе дадам се од себе да оствариме добар резултат на првенството на Океанија"- вели Горгиовски.

Tino 1 rs.jpg
Константино Тино Горгиовски фудбалер на Македонија Ѓорче Петров Credit: Alex Gorgiovski

Инаку Константино Горгиовски е роден во Нов Зеланд а неговите родители се по потекло од Скопје и има двојно државјанство.

Првите фудбалски чекори ги прави на четиригодишна возраст и тренира во повеќе клубови и фудбалски школи во Нов Зеланд.

Желбата да напредува и да ги усовршува своите фудбалски вештини го носат во познатиот македонски клуб Македонија Ѓорче Петров.

"Покрај тоа што сакав да напредувам на фудбалски план, сакав да бидам блиску до фудбалска Европа но и до селекторите на младите репрезентации на Македонија за кои имав голема желба да заиграм"- вели Константино и додава

"но освен еден повик за тренирање немаше ништо конкретно и затоа го прифатив повикот од Нов Зеланд".

tino 5 rs.jpg
Константино Тино Горгиовски во црвено-жолт дрес во акција Credit: Alex Gorgiovski

Младиот Тино вели дека како играч од средината на теренот тренира двапати дневно за да ги подобри своите физички и технички можности.

"Тренирам напорно и во клубот но и на посебни тренинг сесии се со цел да ги подобрам моите перформанси бидејќи желба ми е еден ден да заиграм во некоја од посилните европски лиги".

tino 4  rs.jpg
Константино Тино Горгиовски- Македонија Ѓорче Петров Credit: Alex Gorgiovski

Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now