Кен Зулумовски е Почесен Доктор на медицински науки од Универзитетот на Сиднеј, признание кое го доби за неговиот извонреден придонес во австралиското општество, со повеќе од 2 децении успешна кариера во развој и имплементација на програми со кои работи на подобрување на менталното и физичкото здравје на домородниот народ и обезбедување на правна и финансиска помош на оние на кои им е најпотребна.
Но неговата успешна животна приказна има малку поинаков почеток. Кен израснал во социјални станови, опкружен со домашно насилство, дрога, депресија и анкциозност. До 15 годишна возраст бил исфрлен од шест училишта и два пати појавен пред судот за малолетници, па со желба да го промени текот на својот живот, на 17 годишна возраст се запишал како резервист во Кралскиот Артилериски одред. Во војската поминал 8 години, помеѓу другото и 3 години во единицата за регрутирање во австралиските сили, каде ја имплементирал стратегијата за развој на кариера кај домородното население во областа на одбраната.
Во 2012 година Кен го водеше првиот форум за Абориџинско заздравување во парламентот на Нов Јужен Велс, а беше член и на форумот за домородни лидери на Комисијата за ментално здравје во Нов Јужен Велс.



