Публиката ги бодри стомперите кои се натпреваруваат на натпреварот "Голем стомп“, на Фестивалот на вино и сирење во 2025 година во Тимбер Јард“, Порт Мелбурн - домот на највкусниот фестивал во Мелбурн. Повеќе од една деценија, Фестивалот на вино и сирење е омилена прослава на бутички винарии, производители на сирење и занаетчиски производители, презентирајќи го најдоброто од Викторија и пошироко. Credit: (Melbourne Wine and Cheese Festival)
По тринаесетти пат, Melbourne повторно ќе стане место каде што страста за вкусот, традицијата и дружењето се спојуваат во еден од најпознатите и најомилените фестивали за вино и сирење. Зад оваа успешна приказна стои македонецот Сотир Стојчевски — човек чија визија, ентузијазам и љубов кон добрата храна и вино го претворија овој настан во вистинска традиција.

Веќе тринаесет години по ред, фестивалот ги собира љубителите на виното и сирењето, создавајќи атмосфера на радост, откривање нови вкусови и споделување култура. Но што е тајната зад успехот на овој значаен настан?
И што го мотивира Стојчевски, кој со насмевка вели дека сето ова за него е — само хоби?
Токму во таа страст и посветеност лежи приказната што го прави фестивалот толку посебен.
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде: