Новиот културен центар ќе биде изграден во дворот на црквата "Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица" во Епинг. Ќе бидат опремени со приемна сала, библиотека / училница, неколку канцеларии, театар / кино, радио студио и музеј.
Министерот за Мултикултурни прашања на Викторија Господин Робин Скот одлуката за доделување помош ја образложи со цитатот:
"Македонската заедница на Викторија придонесе за општествениот, културниот и економскиот живот на нашата држава, и јас сум горд да објавам дополнителни средства за иницијативи кои ја зачувуваат и промовираат нивната култура".
Одлуката за доделување на финасиската помош од името на министерот за мултикултурни работи господин Робин Скот ја соопшти пратеничката во Викторискиот парламент од Томастаун госпоѓа Bronwyn Halfpenny.
Од името на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија за доделената финасиска помош од Викториската влада се заблагодари претседателот господин Мирчо Ангеловски.
"Ние веруваме дека изградбата на овој нов простор ќе помогне во поттикнување на конструктивна културна креативност, особено од младите во нашата заедница"






