Неделата на подигнување на свеста против коцкањето, Gamble Aware Week од 19-25 Октомври е со цел да се стави акцент на ризичното коцкање и проблемите до кои доведува истото во заедницата.
Во НЈВ, во 2019 година, околу 53% од луѓето учествувале во некаков вид коцкарска активност. Од нив, околу 40,000 се проблематични коцкари. Од нивната активност страдаат повеќе од 240,000 луѓе кои не се вовлечени во коцкањето.
За тоа кога коцкањето преминува од задоволство во ризик и проблем, како и каде да се побара помош и совет, разговараме со Лихнида Бахчанџиева-Тасеска од Македонско Австралиската добротворна организација во Сиднеј.
Share





