Асоцијацијата на австралиската филмска критика е професионално здружение кое ги застапува гласовите на австралиските филмски критичари, рецензенти и новинари ангажирани во светот на кинематографијата. Годишните награди ги препознаваат категориите во австралискиот и меѓународниот филм, а филмските награди се одредуваат со процес на гласање во два чекора.
Наградениот филм на Горан Столевски, "Of an Age", е возбудлива и силна емотивна одисеја, на австралискиот тинејџер со српско потекло Никола, која што засекогаш ќе го промени животот на главниот карактер. Приказната на "Of an Age" е сместена во прозаично мелбурншко предградие во 90тите години, свет толку близок и познат по својата естетика за мигрантите во Австралија и денес.
Овој филм пред две години го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн - Melbourne International Film Festival, а на фестивалот во Западна Австралија CinéfestOZ Film Festival, ја освои највисоката парична награда во индустријата, вредна 100.000 долари. Награда што се доделува за извонредност во занаетот на создавање австралиски игран филм или долгометражен документарен филм.
Главните улоги во филмот ги толкуваат актерите Том Грин, Илајас Ентон и Хети Хук, а во филмот игра и австралиско-македонската актерка Дона Димовска- Кантаровски.



