Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

"Нема да си сама" на Македонецот Горан Столевски е австралиски кандидат за Оскар

A scene from the movie "You won't be alone"

A scene from the movie "You won't be alone" by Goran Stolevski

Филмот "Нема да си сама" на Македонецот од Австралија, Горан Столевски, е австралиски кандидат за Оскар, во категоријата најдобар странски филм.


Извонредното кинематографско дело на Столевски, чие дејство се одвива во Македонија, во 19 век, е надреалистична приказна со хорор елементи.

Сакав да го доловам живот во Поречието, во Македонија, онаков каков што бил во 19 век, пред тој свет целосно да исчезне.
Горан Столевски

Централниот лик Невена, којшто минува низ низа надреалистични трансформации на вештерка, сред за неа туѓ и непознат свет, доловува длабока и универзална тема за човечката егзистенција.

Моето искуство на мигрант многу директно влијае на филмот
Горан Столевски

Невена е лик што го играат неколку актери од повеќе различни држави, меѓу кои Сара Климоска од Македонија, Елис Енглерт од Австралија и Карлото Кота од Португалија. Филмот е на македонски јазик, поречки дијлект, а делови од дијалогот се на влашки јазик.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now