Федералната влада остана во одбрана на, според неа, најголемите измени на законите на работното место во последните 11 години. Министерот за индустриски односи Кристијан Портер вели дека мерките се неопходни за да им се помогне на бизнисите да ја преживеат пандемијата и да понудат работни места, додека на работниците им се даваат зголемени можности да работат повеќе часови. Синдикатите се загрижени дека пандемијата се користи како изговор за намалување на платите на работниците и намалување на безбедноста на работата.
Share




