Годишниот влез на постојани мигранти во Австралија падна на најниско ниво од 2007 година. Австралија прими 20,000 помалку постојани мигранти отколку во претходната финансиска година, бидејќи 12,000 визи за квалификувани кадри не беа издадени, а бројот на семејни визи падна за 8,000. Министерот за внатрешни работи, Питер Датон, вели дека намалувањето делумно се должи на тоа што владата ги слуша "проблемите во заедницата", но мигрантските и бизнис-групи велат дека намалувањето на бројот може да има негативни последици.
Share





