На денешен ден, пред точно половина век, во сиднејската населба Њутаун започна првата организирана настава по македонски јазик во Нов Јужен Велс.
Наш гостин во овој поткаст е еден од клучните луѓе во организирањето на таа настава, г-динот Тоде Кабровски.
Тој бил меѓу првите наставници, а подоцна и долгогодишен претседател на Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, функција што ја извршувал околу 17 години. Денес е почесен претседател на овој значаен одбор.
Во тие први години немало учебници, ниту доволно наставни материјали, но и покрај тоа наставата ја посетувале стотици ученици.
Првите генерации учеле во многу скромни услови, често без доволен број столчиња, па децата седеле на перничиња на подот.
Но, силната волја и посветеноста на наставниците и родителите биле посилни од сите предизвици.
По повод овој значаен јубилеј, г-динот Кабровски, и во својата деветта деценија од животот, се присетува на тие тешки, но извонредни времиња, исполнети со ентузијазам, пожртвуваност и љубов кон македонскиот јазик – најсилната врска со македонскиот идентитет
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




![[JPG]_How-Australia-Works_Ep1.jpg](https://assets.sbs.com.au/dims4/default/d1d4da1/2147483647/strip/true/crop/3200x1800+0+0/resize/1280x720!/quality/90/?url=https%3A%2F%2Fsbs-au-brightspot.s3.ap-southeast-2.amazonaws.com%2Fe9%2F46%2F56cf4ff54074a36476e0bcb73e13%2Fjpg-how-australia-works-ep1.jpg&imwidth=1280)