Речиси 200 жени и девојчиња, присутни на свечениот настан по повод Меѓуародниот ден на жената, 8 Март, што се одржа 27-ма година по ред, уште еднаш ја покажа сплотеноста и меѓусебната поддршка на жените во оваа заедница.
Др Су Веловски, која им се обрати на присутните, потсети дека овие генерации треба секогаш да се потсетуваат дека ги уживаат придобивките од претходните генерации жени кои се охрабриле, во многу случаи, без познавање на јазикот и без квалификации да тргнат во непознат свет, по подобар живот.

Share





