Професорот по средновековна историја Дејвид Карпентер од Kings College во Лондон го направи ова неверојатно откритие преку интернет.
Тој објаснува како пребарувал на веб страницата на правниот факултет на Харвард пред да дојде до оригиналниот документ на Едвард 1ви.
Николас Винсент, професор по средновековна историја на Универзитетот East Anglia вели дека постојат повеќе стотици копии од Магна Карта но има многу мал број оригинали.
Досега, имало само шест оригинали од 1300 година и ниту еден во Соединетите Држави.
Г-дин Карпентер вели дека Правниот факултет Харвард го купил документот пред неколку децении за тогашни 25 американски долари, верувајќи дека е копија.
Го купиле во 1946 година од аукционерската куќа Sweet and Maxwell кои, веројатно, немале поим што е тоа.
Професорот Винсент вели дека претпоставката дека документот бил копија се должи на човечка грешка.
-//-
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here: