20 септември се одбележува како Светски ден на дарителите на матични клетки и подигнување на свеста за важноста на дарување коскена срцевина и влијанието на трансплантацијата врз животите на голем број пациенти, за кои тоа е единствен спас.
За тоа колку е сериозна ситуацијата, но и за тоа колку денеска е поедноставен самиот процес на дарување матични клетки, слушнете од директорот на Центарот за истражувањето при австралиската фондација за леукемија, Бил Ставрески.
Можете да помогнете да се спаси животот на некој кој се бори против ракот на крвта со тоа што ќе се пријавите за донатор на матични клетки на страницата: leukaemia.org.au